Настани judgeJules_0

18 март, 2013

„Креаторот на глобалното затоплување“ во Скопје

На огромно задоволство, клубот  BeTWO во соработка со SUN PRODUCTION ви го најавува гостувањето на еден од најпознатитие светски диџеи, пионир во електронската музика и креаторот на најпознатото радио шоу за електронска музика GLOBAL WARM UP – Judge Jules!

Забавата ја започнува диџеј Бабура, со старт во 23:59 часот.

Сабота (23-ти март) е денот за глобалното затоплување, а местото веќе добро познато – Клуб Б2.

Влезници во предпродажба на касата на клубот, во Југотон и дистрибутивната мрежа МК ТИКЕТС по супер промотивна цена од 200 денари, почнувајќи од среда 13-ти март. Исто така билети може да се најдат и во салоните на ONE ширум Македонија.




Врати се горе ↑