Македонија judgeJules_0

3 декември, 2012

Креаторот на GLOBAL WARM UP пред скопската публика со настап во живо

Единствениот начин да се загреете во овие ладни денови, да имате супер ноќ, одличен провод и воспаление на мускулите од играње е дефинитивно саботната понуда во клубот Б2.

На огромно задоволство, Клубот  BeTWO во соработка со SUN PRODUCTION ви го најавува гостувањето на еден од најпознатитие светски Дј-и, пионир во електронската музика и креаторот на најпознатото радио шоу за електронска музика GLOBAL WARM UP – Judge Jules!

Забавата ја започнува енергичниот ДЈ Бранчез, со старт во 23:59 часот.

Сабота (8 декември) е денот за глобалното затоплување, а местото веќе добро познато – Клуб Б2.

Влезниците се пуштени во предпродажба по супер промотивна цена од 250 денари на касата на клубот секој ден од 09-17 часот!!!
Информации и резервации: 078221321/078221325



Врати се горе ↑