Македонија

7 август, 2018

Краток филм од Битола пред портите од голем светски успех

Откако пред две години го освои првото место на натпреварот за кратки филмови – „Филм конверт“ (FilmConvert Competition), битолската екипа предводена од режисерот Пеце Здравковски, повторно е во трка за првото место, но овој пат на фестивал со меѓународен карактер.

Краткиот филм „Кучиња на војната“ (Dogs of War) на битолчани е единствениот претставник од Македонија и се натпреварува за првото место на најголемиот меѓународен натпревар за краток филм „Мај роуд рил“ (My Rode Reel), организиран од компанијата „Роуд“ (RØDE).

Филмот е драма во која разбојник е фатен додека ограбува воена патрола и единствениот начин за да се спаси е да го изманипулира својот поранешен колега во изборот помеѓу чесност и материјализам – изборот е очигледен. Снимањето траеше 7 дена, а локацијата е кај „Авионите“ во Битола.

Гласањето трае до 5 септември, а во моментов се 6. од вкупно 1.616 филмови и им треба нашата поддршка да го осигураат првото место.

Затоа да им ја дадеме нашата поддршка на овие млади битолчани и битолчанки со притискање на копчето гласај и логирање преку имејл, Гугл плус или Фејсбук на овој линк, каде што можете и да го погледнете филмот.

Автор, режисер и продуцент на филмот е Пеце Здравковски, заедно со колегата Бојан Соклевски, а директор на фотографија е Ѓорги Вацев.

Извор: Бабам Битола

 



Врати се горе ↑