Аудио 12278704_10153263113264157_5495173535222819993_n

8 декември, 2015

Кралот на празниците со нов празничен сингл

Канадскиот музичар Мајкл Бубле веќе неколку години е еден од омилените вокали што публиката сака да ги слуша за време на празниците, а причина за тоа се четирите специјални божиќни емисии во чии рамки пејачот ги изведува најпознатите празнични хитови заедно со бројни колеги од музичкиот свет. Дел од неговите омилени песни, како и неколку авторски, се сместени на изданието „Christmas“ од 2011 година, a денеска беше објавена уште една одлична песна за најубавиот период од годината. Станува збор за темата насловена „The More You Give (The More You’ll Have)“, која можете да ја преслушате во продолжение.

 

Инаку, како што ви пренесовме неодамна, Бубле и годинава сними специјална празнична емисија, чија премиера е закажана за деновиве на американската телевизиска мрежа Ен-би-си, а ние во Македонија веројатно ќе имаме можност да ја гледаме на Јутјуб. Овој пат како специјални гости ќе настапат дивата Селин Дион, новата американска ѕвезда Тори Кели и Шерон Џонс со групата „Дап кингс“, а во комичните скечеви ќе се појават Џиџи Хадид, Кајли Џенер, Џеј Лено, Ева Лонгорија, Вилијам Шатнер и Блејк Шелтон.

Додека го очекуваме ова петто празнично издание на Мајкл Бубле, можете да се „загреете“ со неговите претходни емисии: минатогодишното шоу одржано во Њујорк можете да го погледнете овде, она од 2013 година ќе го најдете овде, од 2012 овде, а од 2011 овде.

И.Ј.



Врати се горе ↑