Концерт pd

2 декември, 2014

Кралот на операта, Пласидо Доминго во Белград

Еден од најголемите оперски пејачи на денешницата, легендарниот тенор Пласидо Доминго (73) на 8 декември ќе одржи концерт во белградската „Комбанк Арена“, во придружба на Симфонискиот оркестар и хорот на Радио Телевизија Србија. Публиката ќе има можност да ужива во изведбата на некои од 140-те улоги на кралот на операта, што претставува своевиден рекорд во историјата на оперското пеење.

Влезниците за концертот можат да се набават преку продажните мрежи на www.kombankarena.com и www.eventim.rs.

 



Врати се горе ↑