Видео

22 јули, 2019

„Кралот лав“ заработи 351 милион долари и собори неколку рекорди

Дизниевиот хит „Кралот лав“ беше едно од најочекуваните остварувања за годинава, а тоа се потврди и со неколкуте соборени рекорди изминатиов викенд. Имено, новата „играна“ верзија на анимираниот класик од 1994 година, само во Северна Америка оствари приход од 185 милиони долари, а светско ниво заработи 531 милион долари во првите десет дена од прикажувањето, имајќи предвид дека во Кина стигна една недела порано.

Филмот во режија на Џон Фавро го имаше и деветтото најдобро отворање на сите времиња и најдобро во САД во јули, надминувајќи го рекордот на „Хари Потер и Реликвиите на смртта, втор дел“ од 169,1 милион долари. Исто така, „Кралот лав“ е „играна“ верзија на филм од „Дизни“ кој најбрзо заработил пари, соборувајќи го досегашниот рекорд на „Убавицата и ѕверот“ со 174,7 милиони долари. Сите овие успеси веќе го прават „Кралот лав“ седмиот најдобар филм за оваа година.

Дополнителна промоција на ова остварување се и одличните саундтрак-изданија – официјалниот и Подарокот“ од Бијонсе – кои исто така добија одлични критики. „Кралот лав“ веќе од минатата недела се прикажува и во кината низ Македонија, а како се одвиваше снимањето зад сцената (дијалозите и музиката) можете да видите од двете видеа во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑