Концерт toto-bg1

3 декември, 2014

Кралевите на живата свирка – „ТОТО“ во Белград!

Еден од најголемите американски бендови на сите времиња – „TOTO“, ќе одржи концерт на 30 јуни на Калемегдан во рамките на музичкиот серијал „Белград колинг“ (Belgrade Calling), јавуваат од „Авалон продукција“. После низа врвни имиња како што се „Ајрон мејден“, „Грин деј“, Ози Озборн, Били Ајдол, Мориси, „Фејт ноу мор“ и „Вајтснејк“, ова лето во Белград Ве повикуваат и популарните рокери од Лос Анџелес!

Познати по своите врвни свирачки достигнувања, бендот кој светската музичка јавност го третира како еден од најдобрите бендови во живо во музичката индустрија и ги карактеризира како „Кралеви на живата свирка“, „ТОТО“ тргнуваат на голема двегодишна светска турнеја со која одбележуваат 35 години музичка работа и со нов албум кој излегува на пролет 2015 година. За родоначелниците на стадионскиот рок ова ќе биде 22. турнеја и 13. по ред студиски албум, после низа мултиплатинести плочи продадени во преку 35 милиони примероци. Хитовите како што се „Rosanna“, „Africa“, „Hold The Line“ и многу други им донесоа бројни признанија со пет Греми награди!

 

Влезниците за овој концертен спектакл по цена од 1.590 денари за ПАРТЕР, 2.100 денари за ФАН ПИТ и 2.400 денари за ВИП во продажба ќе бидат пуштени од 5 декември (петок) преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ за Македонија и „Евентим“ за Србија и поширокиот регион.



Врати се горе ↑