20 јуни, 2015

„Крајот е само збор“ е новата песна на Ѓоко Танески

„Крајот е само збор“ кога се работи за успешните синглови на Ѓоко Танески.

По неодамнешниот настап на „Макфест 2015“, каде што ја доби наградата за Најдобра интерпретација за темата „Ако љубов е…“, Танески се враќа со нов сингл, како и видео запис за истиот. Како и сите претходни песни така и оваа изобилува со многу емоции кои допираат до сите. Се работи за љубовна приказна, која на секого му е позната од секојдневието. Овој сингл, како и неговиот спот се изработени од субвенциите на Владата на РМ, со цел потикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, при што ЈРП Македонска Радиотелевизија со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс, секоја година финансира создавање на 200 нови комопзиции.

Автор на текстот е  Ксенија Николовска, додека музиката и аранжманот се на Зоран Алексиќ. Продуцент на аудио записот и продуцент на видео записот е „Скај ај ентертејмент“.

Идејата дека синглот најубаво може да се долови преку видео запис во кој ќе учествуваат млади луѓе и сликовито ќе ја претстават целата приказна, одлично е прифатена кај публиката. Додека Ѓоко работно беше во Америка, спотот беше снимен на повеќе локации во Скопје, покрај многу зеленило и прородна убавина.

Песната „Крајот е само збор“ е веќе во етерот, а видео записот, кој може да се најде на официјалниот јутјуб канал на продукцијата „Скај ај ентертејмент“, Ве очекува горе. Уживајте!



Врати се горе ↑