Свет 944_1inxs2

13 ноември, 2012

Крај за INXS?

Бендот INXS кој е формиран во далечната 1977 година, според изјавите во повеќе медиуми, ќе се распадне. Иако официјална изјава не е дадена, се шпекулира дека австралискиот бенд ќе престане да постои.

Наводно, бендот го најавил својот крај за време на настапот во градот каде што започнала целата приказна, во новата Арена во Перт, каде што тапанарот Џон Фарис изјавил дека бендот ќе се растури велејќи „Ми се плаче.“

Фронтменот на бендот, Мајкл Хачинс кој беше дел од групата 20 години,  беше пронајден мртов во хотелска соба во Сиднеј во 1997 година. По неговата смрт групата се обиде да опстои со редица други пејачи, но никогаш не врати на патеките на успехот од 90-тите години на минатиот век.

 



Врати се горе ↑