Свет ai

11 мај, 2015

Крај за „Американскиот идол“

После илјадници аудиции и настапи, се ближи последната сезона на популарниот музички натпревар „Американски идол“ со судиите Џенифер Лопез, Хари Коник Јуниор, Кит Урбан и водителот Рајан Сикрест. Новата, петнаесетта и последна сезона во 2016 година ќе биде во чест на претходните сезони, натпреварувачи и победници.

Првата премиера на „Американскиот идол“ беше во 2002 година, а гледачите секоја недела имаа можност да ги гледаат настапите на своите омилени натпреварувачи. Судиите се менуваа со текот на годините, но мотивот на натпреварот остана ист – да се пронајде следниот американски музички идол.

Оригиналната постава на жирито ја сочинуваа Сајмон Кауел (55), Пола Абдул (52) и Ренди Џексон (58), а пред актуелниот состав (Џенифер, Хари и Хит), во таа улога се појавија и Стивен Тајлер (67), Мараја Кери (45), Ники Минаж (32) и Елен ДеЏенерис (57). Единствената личност која остана во шоуто од самиот почеток е водителот Рајан Сикрест.

Меѓу победниците на овој натпревар кои се стекнаа со светска слава се Кели Кларксон (33), Џенифер Хадсон (33), Кери Андервуд (32) и Адам Ламберт (33). Во продолжение погледнете дел од најдобрите настапи од изминатите сезони на „Американскиот идол“.

 



Врати се горе ↑