Свет 121004_kraftwerk

10 ноември, 2012

Крафтверк ќе ја отсвири целокупната дискографија

Електро пионерите Крафтверк (Kraftwerk) на почетокот на јануари следната година, во текот на осум вечери ќе го отсвират целосно секој свој албум. Серијалот од концерти „1 2 3 4 5 6 7 8“ ќе се одржи од 11 до 20 јануари во Дизелдорф.

Бендот хронолошки и со помош на 3D визуелни ефекти ќе ги отсвири албумите „Autobahn“, „Radio-Activity“, „Trans Europe Express“, „The Man Machine“, „Computer World“, „Techno Pop (Electric Cafe)“, „The Mix“ и „Tour De France“. Цената на картите за секој концерт поединечно чини 55 евра.

 

 



Врати се горе ↑