13 август, 2014

„Космички“ видео запис за „Monument“ од Робин и Ројксоп

Темата „Monument“ е третиот сингл од заедничкото ЕП издание „Do It Again“ кое во мај годинава го претставија норвешкото продуцентско дуо Ројксоп и шведската музичарка Робин, кои во моментов го промовираат новиот материјал во рамките на проектот „Do It Again Tour 2014“. Песната „Monument“, која беше објавена во јуни, деновиве доби интересно „космичко“ видео издание чија режија ја потпишува Макс Витали. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе, а во продолжение можете да видите како се одвиваше сето тоа „позади сцената“.

 

 



Врати се горе ↑