8 јуни, 2015

„Коса“ – документарен филм за тетовскиот музичар Милан Миланов

Минатата недела во Тетово беше промовиран документарниот филм „Коса“, кој раскажува за досегашното творештво и кариера на познатиот музичар, гитарист, тектописец и продуцент Милан Миланов – Коса. Покрај соло кариерата и работата со бендот „Офсајд“, Миланов пишува песни и соработува со бројни колеги како што се Лазар ЦветкоскиЛозано, Димитар Андоновски, Дарко Илиевски, „Лајн аут“, Емилија Ѓорѓеска и многу други.

Филмот, кој е дело на Драги Неделчевски, а монтажата ја направи Глигур Ѓорѓески, веќе доби втора награда на неодамна одржаниот Државен фестивал на непрофесионален филм во Велес, а Вие можете да го погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑