Свет Kurt-Cobain-and-Courtney-Love-1992

27 октомври, 2012

Кортни Лав подготвува мјузикл за Курт Кобејн?

Поранешниот менаџер на Бритни Спирс, Сем Луфти, кој во моментов работи за сопругата на легендарниот Курт Кобејн, изјави дека заедно со Кортни Лав работат на реализацијата на новиот проект за нејзиниот покоен сопруг. Имено, во подготовка е филм или мјузикл на Бродвеј кој би ја обработувал темата за животот на фронтменот на бендот Нирвана, а во кој би се користела нивната музика.

Луфти ова го откри за време на судењето во Лос Анџелес, каде што поднесе тужба против Бритни и нејзините родители, додавајќи дека проектот е во почетна фаза.



Врати се горе ↑