Аудио

29 јуни, 2019

Кортекс му даде латино-шмек на познатиот „Чардаш“

Битолскиот диџеј и продуцент Константин Марковски, кој се крие зад псевдонимот Кортекс, деновиве го претстави својот нов микс насловен едноставно „Чардаш“. Станува збор за интересна тема иснприрана од истоименото дело од италијанскиот композитор Виторио Монти, кој унгарската музика ја преточи во рапсодија за виолина, пијано и мандолина во далечната 1904 година. На сето тоа Кортекс му даде латино-шмек, како одлично загревање за летото.

Новото издание е најавено да излезе на „Синдикат рекордс“ (подетикетата на „Дипенд рекордс“ (Deepnd Records), која претставува една од подобрите продуцентски куќи на Балканов за хаус-музика. На сите светски платформи ќе излезе на 26 јули. Кортекс најави и уште нова музика за претстојниов период, кој ќе му биде исполнет со настапи и гостувања во земјава и регионот, како што е српскиот „Ватрени фестивал“ што ќе се одржи во Велика Плана во август.

Покрај ремиксите на песни од други изведувачи, Кортекс зад себе ја има и соработката со кичевскиот колега Симеон Коруноски, со кого ја сними одличната „Don’t You Know“, па додека очекуваме уште новитети од талентираниот битолчанец, уживајте со неговата верзија на „Чардаш“!



Врати се горе ↑