Свет girls-generation

1 ноември, 2012

Корејските хитови стануваат сè попопуларни

Откако корејскиот хит „Гангнам Стајл“ го заобиколи светот и постигна огромна слава, посетителите на YouTube сè почесто ги прегледуваат и другите корејски хитови. На каналот од продуцентската куќа СМ Ентертејнмент, односно музичкиот проект СМТаун кој  е составен од повеќе артисти, гледаноста на новите видео записи е околу еден милион посети само еден ден по нивното објавување. Компанијата со седиште во Сеул, секоја година организира турнеи низ цела Азија, на кои што настапуваат сите нивни ексклузивци. Деновиве меѓу најпопуларните видео записи на каналот се бендовите Јуник Јунит(Younique Unit) и Грлс Џенерејшн (Girls Generation), a во продолжение погледнете ги спотовите за нивните најнови хитови кои за само еден ден добија милион посети за бојбендот Јуник Јунит, а околу 600 илјади за новиот сингл на „Генерацијата на девојките“, чиишто спотови достигнуваат и до 28 милиони посети.

 

Погледнете ја и неодамнешната репортажа од американската телевизија ABC  во која се кажува дека огромен број млади корејци се обидуваат да ги достигнат и нивните „5 минути слава“, пријавувајќи се во Кеј-Поп (корејски поп) музичкиот камп од гореспоменатата продуцентска куќа каде што се одбираат најдобрите.



Врати се горе ↑