6 октомври, 2016

Корејската публика збесна по Четкар!

Во рамките на големата азиска турнеја, Владимир Четкар изминатиов период одржа концерти и гостуваше на повеќе фестивали во Хонг Конг, Кина и Јужна Кореја. Познатиот музичар беше дочекан како вистинска ѕвезда, а одличен доказ за тоа е снимката од настапот на џез фестивалот „Јарасум“, каде што Четкар беше придружуван од македонски и американски музичари (Коди Роландс на труба, Арон Хенри на флејта и тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Лукас Холмс на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани).

cd-korea

Музиката на Четкар во Кореја ќе ја дистрибуира третиот најголем музички дистрибутер во светот, „Ворнер мјузик груп“. Од неодамна, неговата музика е издадена во Јужна Кореја преку познатата корејска музичка куќа, „Си енд Ел рекордс“ и светскиот музички гигант „Ворнер мјузик груп“.

heavenly-korea-2

heavenly-korea



Врати се горе ↑