Аудио 149896_119895964857572_1201162811_n

16 декември, 2013

Конзулови се враќаат на сцената со нова верзија на „Сакам, сакам, сакам“

Пејачот Никола Конзулов, по долги години повторно се враќа на музичката сцена, овој пат во придружба на уште неколку членови и во улога на гитарист. Неговата позната песна „Сакам, сакам, сакам“, која своевремено беше доста популарна, овој пат е  отсвирена во акустична верзија, главен вокал е неговиот брат Филип, а во позадина стојат моците кои заедно со нив го сочинуваат бендот „Акустико“ (Александар Кутев – гитара, Михајло Ѓуле Воитикив – бас гитара, Иван Кутев – перкусии), кој последниве две години е задолжен за анплагд рок свирките низ познатитие клубови и кафулиња во Скопје. Новата анплагд верзија на „Сакам Сакам Сакам”, чии придружни вокали ги пее пејачката Андријана Јаневска, веќе е објавена на Јутјуб и се врти по радио станиците, а наскоро ќе добие и видео запис.

„Пред нова година планираме да го издадеме и видеото за  ’Сакам, сакам, сакам’, како продарок за сте слушатели на македонска музика и наши фанови. Песната за сега се врти по радио станиците и сме презадоволни од реакциите и од тоа како нè прифати публиката. Инаку, покрај тоа што по празниците планирме да продолжиме да правиме музика, морам да напоменам дека имаме направено и доста анплагд преработки на светски познати рок хитови, како и наша публика, која редовно нè следи на настапите низ разни локалли и глубови низ Скопје“, вели Филип Козулов.

Останува да видиме и слушнеме со што ќе нè изненадат овој пат момците од „Акустико“. Во продолжение уживајте со новата верзија на „Сакам, сакам, сакам“.

 

 



Врати се горе ↑