1 февруари, 2013

Контроверзен спот на Death Saw

Српската група Death Saw на чело со некогашниот актер, но веќе подолго време познат пејач Џорџ Давид сними видео запис кој нема никого да остави рамнодушен.

„Во ерата на науката, техниката, роботите, ера на тотално извртени системи на вредности и потполно одвојување од она што некогаш имало смисла, мислам дека еден ваков обичен рок енд рол спот претставува вистинско освежување!“ – вели гитаристот Александар Митровиќ Tommy, автор и аранжер на комплетната музика на првиот албум на групата Death Saw.

За нов видео запис е избрана нумерата „Даље од пакла“, чиј текст го напиша министерот од спрската Влада – Млаѓан Динкиќ.

Death Saw основана од страна на Џорџ Давид, истакнат борец за рок енд рол и на пошироката јавност познат како пејачот од Генерација 5 и Александар Митровиќ, влечи корени уште од почетокот на двеилјадитите години, но под ова име постои од 2009 година. Албумот „Blood Avenger“, кој е достапен за бесплатно симнување на веб страната на бендот, го објавија во 2010 година, а на него се наоѓаат вкупно 13 нумери, девет на аглиски и четири на српски јазик.

Концертната турнеја на албумот опфати голем број самостојни и фестивалски настапи ширум Србија, но амбициозните и полни со енергија членови на бендот сметаат дека е време да излезат и надвор од границите на својата земја.

„Регионот во кој се наоѓаме претставува голем пазар како во музичка, така и во која било друга смисла. Искрено верувам дека со досегашната работа, како на последниот албум така и на правецот кој го одржуваме од самото формирање на бендот, докажавме дека на тој музички пазар има место и за нас“ – изјавил Митровиќ во врска со концертните активности во регионот.

Ова веројатно значи дека во догледно време љубителите на рок енд рол музиката ќе можат да уживаат во нивните настапи и во Македонија.

 



Врати се горе ↑