17 октомври, 2013

Контроверзен сингл од Стерео Тип: Погледнете го „Мој свет“

Групата Стерео Тип го објави видео записот за контроверзниот сингл „Мој свет“, со кој отворено го вперува прстот кон светските моќници. Песната е насловна тема од претстојниот мини албум на групата на кој ќе се најдат и неодамна објавената „Јави се“, „Кандидат“, повторно снимената „Стереотип“ од деби албумот на оваа белградска група предводена од Паја Богдановиќ, како и песната „Последњи стих“, која претставува успешна соработка со ценетиот музички критичар и публицист Милан Б. Поповиќ.

Снимањето на видео записот за „Мој свет“ се одвиваше на повеќе локации во Белград, вклучуваше многубројна екипа, а реализацијата на видеото беше доверена на продукцијата Кан и Лингус.

„Дајем ти право… право на изборе! Можеш да бираш услове предаје: Хоћеш ли милом кроз интеграцију или ћеш силом уз авијацију? !(Ти давам право… Право на избор! Можеш да ги одбереш уловите за да се предадеш: Сакаш со добро преку интеграција или со сила, со авијација?!)“ – се вели во еден стих од оваа песна со која белградската група храбро покажува со прстот кон светските моќници кои владеат со светот.

Сите песни на новото издание се снимени во февруари годинава. Снимател и продуцент е Немања Поповиќ, голема улога има и Душан Свилокос кој ги потпишува продукцијата и мастерингот, а исто така свирел на гитара и дал свој придонес за аранжманот на песната „Последњи стих“. Музиката и текстовите, како и до сега ги потпишува лидерот на групата Паја Богдановиќ.

 



Врати се горе ↑