Балкан

9 март, 2018

„Контакт 2018“: Музичка конференција што се „заканува“ да стане настан на сезоната

Од 21 до 24 март во Белград ќе се одржи второто издание на музичката конференција „Контакт“, во чии рамки ќе има 25 концерти и настапи на диџеи, 70 учесници од 7 земји, 18 фестивали и 3 изложби. Како и минатата година, конференцијата се одржува пред претстојната фестивалска сезона во нашиот регион, а главната и горлива тема овој пат е самоодржливоста на фестивалите.

На второто издание на „Контакт“ ќе се соберат претставници на најзначајните фестивали од Србија, Хрватска, Босна и Херцегодина, Словенија, Црна Гора и Македонија, кои преку примери од праксата, инспиративни трибини, креативни панели и јавни дискусии, ќе укажат на нови трендови и уште појасно ќе го мапираат регионот како исклучително плодно тло за развој на музичката индустрија.

Локациите на „Контакт 2018“ се: „Марш опен спејс“, „Електропионир“, „Заокрет“, „Спрат“, пивницата „СабБир центар“, „Љубимац“, кафулето „Шикарица“ и Домот на млади во Белград.

И оваа година организаторите (концертната агенција „Одличан хрчак“, „Марш криејтив продакшн“ и „Кишобран колектив“) успеаја да обезбедат учеството на конференцијата да биде потполно бесплатно. Регистрацијата се врши преку адресата kontakt@kontakt.org.rsа панел-дискусиите, по кои „Контакт“ посебно се издвојува, се конструктивни и атрактивни.

22.03.2018 четврток  
Marsh Open Space – Панел-дискусии

10.00 – 11.30 Самоодржливост на фестивалите, прв дел / Фестивали: Наплатување влезници или не 
11.30 – 13.00 Водење музичка работа – со менаџер или без
13.00 – 14.00 Иднина на независното издаваштво / Импала
Sprat – работилница
14.00 – 18.00 Како да се сними музичко видео


23.03.2018 петок 
Marsh Open Space – Панел-дискусии
10.00 – 11.30 Самоодржливост на фестивалите, втор дел / Музички профил на фестивалите – диџеј / концерти во живо
11.30 – 13.00 Регионално музичко новинарство
13.00 – 14.00 Самофинансирачки и финансирани културни центри и клубови


24.03.2018 сабота
Marsh Open Space – Тркалезна маса
11.00 – 13.00 Самоодржливост на фестивалите, трет дел / Финансирање на фестивалите
13.00 – 14.30 (Не)одржливост на малите концерти простори
14.30 – 16.00 Аудиовизуелна презентација на фестивалите, културните центри и клубови


Специјални гости на „Контакт 2018“ – ИМПАЛА

Специјални гости на второто издание на музичката конференција „Контакт“ ќе биде Импала“, најзначајната асоцијација на независни издавачи во Европа, со седиште во Брисел, која собира повеќе од 4.000 членови. На „Контакт 2018“ пристигнува Кeс Ван Вeијен (Kees Van Weijen), претседателот на „Импала“, кој ќе зборува за значењето и постулатите на сè попопуларното независно музичко издаваштво.

КОНЦЕРТИ:

Музичката конференција „Контакт“ ќе биде официјално отворена на 21 март, со ексклузивен настап на бендот на Небојша Антонијевиќ Антон, „Хеви хипи бејби“, во Домот на млади во Белград. Како специјални гости ќе настапат членовите на бендот „Звук улице“.

Главната музичка програма на „Контакт 2018“ ќе се одигра во најстарата пивница во Белград, „СабБир центар“ (SubBeer Centar), каде што на:

22 март ќе настапи Никола Врањковиќ;

23 март „Обојени програм“ и „Ауф Видерзен“ (Auf Wiedersehen)

24 мар „Канда Коџа и Небојша“ и „Игралом“

 

ИЗЛОЖБИ:

Од 21 до 24 март – Влада Дивљан, „Машр опен спејс“ (Горанка Матиќ, Србија)

од 22 до 24 март – My Life, Making Of... , „Љубимац“ (Жаре Батиновиќ, Хрватска)

Од 22 до 24 март – Изложба на векторски цртежи, „Шикарица“ (Дејан Мариќ, Србија)

 

Потсетуваме дека присуството на сите панели е БЕСПЛАТНО, а се наплаќа влезот само за одделни музички настапи. Музичката конференција „Контакт“ можете да ја следите на официјалната веб-страна www.kontakt.org.rs, како и на Фејсбук и на Инстаграм.



Врати се горе ↑