Македонија

14 јуни, 2019

„Конспираси“ го објави првенчето „Dehumanized“

Македонскиот треш-метал бенд  „Конспираси“ (Conspiracy), кој важи за еден од најнадежните нови претставници на жанрот во земјава, го објави својот студиски првенец. Албумот насловен „Dehumanized“ е снимен во студиото „Ентерпрајз“ (Enterprise Recording Studios), под менторство на Валентино Скендеровски, а излезе денеска, под етикетата на „Пасворд продакшн“, што воедно е дел од наградата која групата ја освои како победник на „Лузер-фест.

По победата на овој настан организиран во рамките на скопскиот фестивал „Таксират“ во 2017 година и по многу часови поминати во студио, со отсвирени рифови и сменети аранжмани, лани на следното издание на „Лузер фест“, „Конспираси“ и во живо ги претставија песните од „Dehumanized“.

Уште од самиот почеток на нивната кариера во 2016 година, „Конспираси“ својата музика веќе ја промовирале во живо на повеќе настани низ Македонија и досега имаат повеќе од 30 настапи зад себе. Членови на бендот се: Стефан Трајкоски (вокал и гитара), Иван Димишков (тапани), Милош Благоевиќ (бас) и Давор Капац (соло-гитара).



Врати се горе ↑