Настани

22 март, 2018

„Конопфест“ на 20 април на „Школка“ во Градски парк

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ за 20 април на „Школка“ во Градски парк го најавува „Конопфест 2018“.  Фестивалот симболично започнува од 16.20 часот, а годинава ќе се одржува под мотото „Една билка, еден живот“.

„Ве очекуваме во голем број соборци да им покажеме на надлежните дека сме тука и немаме намера да си одиме се додека не се исполнат нашите барања!“, велат од „Билка“, кои како Здружение се залагаат за целосно декриминализирање на канабисот, како во медицински, така и во рекреативни цели.

Инаку, од Здружението ја објавија и листата на настапувачи: ЛД пистолеро, Да Џака Накот, Слаткаристика, диџеј Гоце САФ, диџеј Чваре, Гиш, Дани Димитровска, „Д.Н.О.“, „Репортерс“, Горан Кан, Бени и „Нон стоп“, диџеј Димитри од Чаир, „Стринг форсис“, „Белучи квартет“, „Бета хаус“, „Чиста околина“.

Редоследот на настапи ќе биде дополнително објавен.

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје,со огромна чест и задоволство Ви го преставува line up-от на…

Posted by Билка – Bilka on Donnerstag, 22. März 2018

Извор: РадиоМОФ



Врати се горе ↑