Настани

17 април, 2019

„Конопфест 2019“ на 20 април во Градски парк

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ годинава повторно го организира фестивалот „Конопфест“, а за настанот закажан за оваа сабота (20 април) овој пат силите ги здружи со Универзална сала. Под мотото „Билка што живот значи“, фестивалот ќе се одржи на две сцени:

1.Школка во Парк каде што ќе се оддржат неколку едукативни предавања, по што ке следува настап на диџеи;
2.Полјаната Вембли на која ќе настапат повеќе реномирани македонски бендови и артисти.

„Дојдете во голем број да упатиме јасна порака до политичките фактори дека сме тука, дека сме многу и дека не сме криминалци. БИЛКА веднаш по завршување на претседателските избори ќе поднесе предлог законски измени на Кривичниот Законик кои доколку се усвојат ќе доведат до декриминализација на канабисот!Се гледаме СОБОРЦИ!“, порачаа од „Билка“.

Настанот е со почеток од 12.00 часот, а изведувачите што ќе настапат на двете сцени се следните:



Врати се горе ↑