Македонија визија фест

10 мај, 2013

Конкурс за Визија Фест 2013

После Велигденските празници со голема чест и задоволство сакаме да го најавиме овогодишниот фестивал на модерна христијанска музика Визија Фест 2013. Главна цел на фестивалот е поттикнување христијанското творештво во Македонија. Овој фестивал за прв пат беше оддржан минатата година кога се сними и промовираше цд со 15 песни кои можат да се преслушаат на интернет страницата на фестивалот, а воедно и симнат аудио записите и акордите од истите.

Визија Фест е фестивал кој започна како идеја да се создаде платформа каде во Македонија ќе почне да се слуша, создава и снима музика со поинаква порака. Музика која ќе го содржи македонскиот духовен израз – на автентичен и нам својствен начин – но истовремено ќе даде и музички и текстуален израз на изворниот христијански вредносен модел. Oва е фестивал на христијански песни, кои се создадени од македонски композитори и изведени од македонски изведувачи. Со тоа Визија Фест е првиот фестивал од ваков тип во Македонија, преку кој се отвора можноста на македонската публика да и се понуди музика која во себе ќе ја содржи христијанската порака.

Kритериуми за учество на Визија Фест 2013

– Право за конкурирање има секој заинтересиран од Македонија и странство, но сите испратени песни ќе ги оценува жири комисија и ќе го направи конечниот избор на оние песни што ќе влезат во рамките на фестивалот.
– Песните да бидат автентични – авторски песни на македонски јазик и да не се ставени предходно на носач на звук.
– Стиловите на музиката може да бидат различни од поп, поп-рок, рок, алтернатив рок, госпел, песна со народни елементи, латино, R`n`B, денс. Со демо снимката задолжително е да има објаснување како песната е замислена за да може жири комисијата соодветно во рамките на концептот на фестивалот да интервенира доколку песната се прифати.
– Текстовите на песните да се со христијанска содржина која ќе биде библиски и теолошки соодветно поткрепена, воедно да содржат уметнички израз и јасна порака.
– Времетраењето на песната да биде околу 03:30сек. но да не ја надминува границата од 4мин.
– Во прилог на песната задолжително е да се испратат текст и текст со испишана акордација.
– Демо снимките мора да бидат испратени во МР3- формат, снимени аматерски: обичен диктафон или домашно студио.
– Финалните снимки да бидат во Wave-формат и тоа:
песна со вокал ( што ќе биде ставена на музичкото CD на Визија Фес 2013т)
само матрица ( која ќе послужи за самиот настап на фестивалот)

Напомена: Фестивалот е стриктно од ревијален карактер.
Временска рамка:
– Демо снимките да се достават најдоцна до 20-ти мај, 2013
– Промотивен целодневен настан Визија фест open во Скопје на 1-ви јуни
– Финални снимки за песните ќе се имаат најдоцна до 15 август, 2013
– Гала вечер за Визија фест 2013 октомври

Песните да се испратат на е-маил: vizija.fest@gmail.com

www.vizijafest.mk



Врати се горе ↑