За Вас

25 април, 2018

Конкурс за најдобра дебитантска поетска книга

Советот на манифестацијата „Лесновски ѕвона“, посветена на поетот Чедо Јакимовски, распиша Конкурс за најдобра дебитантска поетска книга за 2018 година. Право на учество имаат сите поети од Република Македонија до 30-годишна возраст.

Најдобрата книга од пристигнатите ракописи, оценета од жирито на манифестацијата, ќе биде објавена и промовирана за време на одржувањето на „Лесновските ѕвона“, на 9 јуни 2018 година во Кратово.

Ракописите да се достават најдоцна до 15 мај 2018 година, под шифра, во три примероци, на адресата:

Музеј на град Кратово

ул. „Св. Ѓорѓи Кратовски“ ББ

Кратово

 



Врати се горе ↑