Балкан bpr

16 ноември, 2013

Конкурс за компилацијата „Balkan Under The Radar – vol. 2“

Независната издавачка куќа Black Planet Records во изминатите неколку месеци направи повеќе крупни чекори во реафирмацијата на алтернативната музика на концертната и интернет сцена. Тоа подразбира првенствено на сцената во Србија, но во нешто помала мера и на сцената на целиот Балкан.

„Компилацијата „Balkan Under The Radar: The Invisible Scene“ имаше за цел да открие интересни имиња генерално од Србија, но и останатите земји од просторите на поранешна Југославија. Сакавме да го прошириме нашето семејство! Најважно од сè е тоа што покажавме дека постојат многу талентирани луѓе на овие простори со потполно поинакви погледи на светот. Исто така беа реализирани разни соработки и се стекнаа прекрасни пријателства. Уште една наша цел беше да ги смириме двете алтернативни струи кои често се делат на бендовска (свиречка) и електронска (продуцентска), бидејќи сметаме дека во музиката повеќе нема ограничувања, а за паметниот човек и комарецот е музика.“ – пишува во соопштението од оваа издавачка куќа, која успеа да го обедини подземјето на скоро сите земји од поранешна Југославија (освен Словенија).

„По големиот успех на првиот дел од компилацијата која беше преземена преку 15 000 пати, одлучивме да издадеме и втор дел! Компилацијата е издадена и во ограничен број на ЦД-а. Покрај помалку познатите луѓе кои заслужуваат внимание, покануваме и по некој поголем бенд да ја поддржи оваа компилација со некоја ексклузивна трака (на претходната компилација тоа беше Мизар)“ – додаваат од Црната планета.

Покрај стандардните резиденти на Црната планета, на компилацијата ќе може да учествува кој било соло ументик, проект или бенд кој се вклопува во оваа приказна, а условите се следните:

– Песната да не е објавена до сега;
– Да не е подолга од 15 минути;
– Да биде во рамките на алтернативната/неконвенционалната/forward thinking музика, без оглед на жанрот – значи доаѓа предвид сè што е интересно;
– Изведувачот да е од просторот на поранешна Југославија, односно Балканот.

Компилацијата ќе биде издадена во ЦД формат со оганичен број на примероци, како и за бесплатно преземање од страната blackplanetrecords.bandcamp.com, со Attribution-Noncommercial-Share Alike 3.0 лиценца, што значи ќе биде бесплатна – непрофитна (со можност на евентуални донации на bandcamp, кои ќе одат во фондот за идни акции и маркетинг на Блек Планет Рекордс).

Ова е одлична можност за Ваша промоција, дружење и идни соработки. Вашите песни можете да ги испратите на b.planet.records@gmail.com (приватни стриминг линкови или симнување во мп3 192 kbs+ формат), а пожелно е да ставите информации од каде сте и името на проектот.

Поттикнати од желбата да го надминат квалитетот и успехот на првата компилација, крајниот рок за испраќање на материјалите за ова издание е до 28-ми февруари 2014 година. Првиот дел од компилацијата можете да го преслушате и симнете од следниот линк, а може да Ви користи и како насока за квалитетот на темите, жанровите и нивото на квалитет на продукцијата.

 



Врати се горе ↑