За Вас poster-ff-A3-print m

5 јуни, 2015

Kонкурс за филмско сценарио напишано од деца‏

ДКЦ „Тинтири – минтири“ и продукцијата „Аурипигмент“ објавуваат конкурс за најдобро филмско сценарио изработено од деца на возраст од 6 до 14 години. Сценариото треба да биде најмногу до 10 страници формат А4, напишано со големина на фонт 12. Сценаријата треба да се испратат на мејл kc.tintirimintiri@gmail.com и на адреса „В. Мачуковски“ 17/1-1, заедно со следните податоци:

–          Име и презиме на автор

–          Возраст на автор

–          Училиште

–          Контакт телефон и мејл на родител

Предност при оценувањето ќе имаат сценарија со поучна и со комична содржина.

Сите сценарија што ќе содржат насилство и недоличен речник ќе бидат исклучени од конкурсот.

Рокот за апликации е 1 август 2015.

Според најдобро оценетото сценарио ќе се сними филм со најсовремена техничка опрема, а во целосна продукција на продукцијата „Аурипигмент“  од Скопје.

Повеќе информации на

078 30 21 61

kc.tintirimintiri@gmail.com

www.tintirimintiri.mk



Врати се горе ↑