Македонија 10151813_773081929370877_1183181576479410043_n

18 април, 2014

„Конкеринг лајон“ со пролетна турнеја низ Европа

„Конкеринг лајон“ (Conquering Lion) со два концерти во Словачка ја започнува пролетната европска турнеја на која групата го промовира својот последен албум „Revelation“ кој се појави минатата година во издание на Пасворд продакшн и Егзит лејбл. По минатогодишните настапи на повеќе фестивали во регионот, отворањето за големиот Ману Чао пред преполното скопско лизгалиште, настапот во рамките на „офф-Таксират“ вечерта насловена „Од Вардар до Триглав“, бендот оваа пролет ќе отсвири концерти низ повеќе европски држави како Чешка, Словачка, Полска, Германија, Холандија, Словенија итн.  Од Словачка, веќе утре групата го продолжува концертното патување  кон Чешка, а сите датуми од пролетната европска турнеја на „Конкеринг лајон“ можат да се најдат на страницата на „Пасворд Продакшн“ како и на официјалниот сајт на бендот (www.conquering-lion.org).



Врати се горе ↑