Промоции 1555483_728553230490414_1372150371_n

23 јануари, 2014

„Конкеринг лајон“ промовираат нов видео запис

Најпродуктивниот и респектиран македонски реге состав  „Конкеринг лајон во сабота (25 јануари 2014) го промовираат новиот видео запис за песната „Trickster’s End“. Промоцијата на спотот ќе се одржи во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) со почеток во 14.00 часот, а настанот е од отворен карактер и можност за ново позитивно дружење со момците од групата и нивната публика.

Снимањето на новиот видео запис е реализирано од страна на Јовица Рафајловски, а режијата и монтажата се на Милан Тоциновски – Сако.

„’Trickster’s End’ е песната од нашето последно издание ‘Revelation’ за која се одлучивме да направиме видео запис. Песната е со цврста и јасна порака, се одликува со динамичен и специфичен аранжман кој според нас најдобро би го прикажала целиот концепт на ‘Revelation’. Видео записот за ‘Trickster’s End’ ќе ги претстави моментите од нашите досегашни концерти, гостувања, патувања, дружења и слично. Снимањето одеше глатко и забавно низ повеќе локации на Балканот, од кои би ги издвоиле Македонија, Хрватска, Албанија и Црна Гора. Спотот за ‘Trickster’s End’ нашите пријатели ќе имаат можност да го погледнат промотивно на 25-ти јануари во просториите на Југотон во Скопје“ – изјавија Конкеринг Лајон.

„Trickster’s End“ е вториот објавен сингл од новиот, трет албум на „Конкеринг лајон“, насловен „Revelation“ кој беше објавен за етикетата на „Password Production“ на 22 ноември 2013. Бендот официјално го промовираше албумот со концерт во рамките на последното издание на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, а веднаш потоа „Revelation“ беше изборот за новогодишното издание на престижната регионална онлајн EXIT етикета, со што CONQUERING LION стана вториот македонски бенд објавен на оваа етикета, по „Фулиш грин“.

Изданието е достапно за бесплатно преземање на www.exitmusic.rs.

 



Врати се горе ↑