Македонија conquering lion

5 ноември, 2013

„Конкеринг лајон“ промовираат нов сингл

Конкеринг Лајон“ се враќаат на голема врата со нивниот втор сингл „Trickster’s End“ од новиот албум „Revelation“После повеќе од успешниот прв сингл „Wicked Man“, кој групата го објави во мај, во среда (6-ти ноември 2013) на брановите на Антена 5  (www.antenna5.com.mk) со почеток во 11.30ч екслузивно ќе можете да ја проследите и радио премиерата на извонредната „Trickster’s End“.

„Toa е една од подинамичните песни на албумот во која се одлучивме да твориме во насока на модерно реге (new roots) комбинирано со некои елементи што често може да се сретнат во рага (ragga) правецот. Идејата да се спојат овие правци даде свежина кај сите нас, за да на крајот брзо и ефективно склопиме позитивен разигран аранжман“, велат „Конкеринг лајон“.

Синглот е снимен во студиото „MarryPhat“ од страна на Ивица Јанкуловски. Негов е миксот на целиот албум заедно со бендот, додека за мастерингот беше задолжен Фредерик Лино (Frédéric Luneau – „Web Cam Hi-Fi“) од Франција.

„Trickster’s End“ е најава на „Revelation“, нивниот трет студиски албум кој ќе се појави оваа есен преку Пасворд Продакшн.



Врати се горе ↑