Македонија conquering lion

10 мај, 2013

„Конкеринг лајон“ одат на „Ин мјузик“

Различните музички стилови ги карактеризираат бендовите кои се приклучија во „line up“-от на еден од најдобрите музички фестивали во регионов, хрватскиот фестивал „Ин мјузик“ (INmusic). А кон листата на музички имиња кои до сега се објавени, овој пат се приклучува и македонскиот бенд „КОНКЕРИНГ ЛАЈОН“ (СONQUERING LION) од Тетово. Нивниот настап на фестивалот „Ин мјузик“ е воедно дел до соработка со програмата CEETEP (Central Eastern European Talent Exchange Program), која има за цел да поттикне настапи и популаризира артисти од централна и источна Европа преку фестивали, радио и ТВ емисии и други медиуми во регионот и во цела Европа.

„Конкеринг лајон“ се даб / реге / хардкор бенд од Тетово, Македонија, формиран во април 2007. Во 2009 година тие го издадоа нивниот прв албум, кој е наречен едноставно „I“. Тој се состои од 10 песни, вклучувајќи и соработка со јамајканецот Џа Кларити (Jah Clarity) на песната „Jah Love“. Вториот албум е издаден 2011, и моментално работат на трето студиско издание. Искуството го стекнаа со настапи низ Македонија, но исто така и во Германија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Косово. Досега имаат настапувано со големи реге имиња како што Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Hornsman Coyote и други. На INmusic фестивалот гостуваат како бенд кој загарантирано ќе донесе добра енергија и ритам идеални за одмор и уживање.

Ве потсетуваме дека INmusic фестивалот ќе се одржува од 24ти до 26ти јуни во Загреб, а покрај Conquering Lion, своите настапи до сега ги потврдија Arctic Monkeys, Iggy and the Stooges, Basement Jaxx, Bloc Party, Editors, NOFX, Airbourne, Stealing Sheep, Team Ghost, Dikta, Atheist Rap, A Toys Orchestra, Mile Me Deaf, Rangleklods, She Loves Pablo, Dosh Lee, Radio Aktiv, Moveknowledgement, победниците на натпреварот „Засвирај за Жујом“, како и All about the music, Achromatic Attic и Roger The Mascot.

 

Билетите за INmusic кај нас можете да ги купите во продажната мрежа на МКтикетс, а не заборавајте и дека фестивалот годинава обезбеди посебна поволност наменета само за фановите и посетителите од Македонија. Имено, само во Македонија фестивалските влезници за INmusic, сѐ уште се продаваат по првата промотивна цена од 2.160 денари и 3.400 денари за пакет влезниците со камп сместување.



Врати се горе ↑