Македонија cl-revelation

21 ноември, 2013

„Конкеринг лајон“ го објавуваат новиот албум „Revelation“

Откако се вратија на голема врата со одличниот сингл „Trickster’s End“, утре (22 ноември 2013) Конкеринг лајон“ (Conquering Lion)  го објавуваат својот нов студиски албум „Revelation“! Ова е трет албум на групата кој ја надополнува нивната дискографија со уште едно извонредно издание, две години по објавувањето на последниот „Know Your Wisdom“ (2011).

Новиот албум „Revelation“ утре ќе биде објавен во дигитално издание под етикетата на „Пасворд продакшн“, а сите фанови на „Конкеринг лајон“ ќе можат бесплатно да го преземат од интернет страницата www.password.mk

„’Revelation’, нашиот трет албум е малку поинаков во споредба со двата албуми претходно објавени. Концептот и енергијата на овој албум се движат од рутс-реге звукот кој преминува во даб и продолжува кон подинамични моменти. Приказната на овој албум е бунт директно насочен кон регулативите на системот, ограничувањата и алчната страна на човечката природа. 

‘Revelation’ содржи девет нови песни кои создаваат една подлабока приказна која ги потенцира препреките кои го држат човештвото подалеку од духовното и ментално издигнување. Овој албум вклучува две соработки, едната со артистот од Јамајка, Доналд Минот (Donald Minott) и другата со српскиот артист Дарка Рајиќ.

Музички еволуирано, ова свежо издание ќе донесе добри вибрации за вашиот слух и дух. Браќа и сестри, подгответе се, бидејќи ‘Revelation’ (откровение) е на вашиот праг.“ – велат момците од Конкеринг Лајон.

Дел од она што го носи ова издание на бендот беше претходно навестено со повеќе од успешниот прв сингл „Wicked Man“(20 мај 2013) и неодамна објавениот втор сингл „Trickster’s End“(5 ноември 2013).

Албумот е снимен во студиото „MarryPhat“ од страна на Ивица Јанкуловски. Негов е миксот на целиот албум заедно со бендот, додека за мастерингот беше задолжен Фредерик Лино (Frédéric Luneau – „Web Cam Hi-Fi“) од Франција.

 „Revelation“: 
01. Wicked Man 
02. Confidence 
03. War Pon Dem 
04. Fear 
05. No Jealousy (feat. Darka Rajic) 
06. Trickster’s End 
07. Plant more… (feat. Donald Minott) 
08. Earth of Love
09. Triumph


Врати се горе ↑