9 април, 2017

„Конкеринг лајон“ го екранизираа новиот сингл

Излезе официјалното видео за третиот сингл на македонските реге предводници „Конкеринг лајон“ (Conquering Lion), темата насловена „Natty Lion“, која се најде на нивниот четврти студиски албум „Land Of Confusion“.

Албумот содржи 9 песни во комбинација на жанровите реге, њу рутс и даб. „Land Of Confusion“ е снимен и продуциран од страна на Гоце Трпков (С.А.Ф.) во периодот од септември 2015 – ноември 2016 во студиото „Бејзмент бутлегз леб“ (Basement Bootlegz Lab). 

На ова издание гостуваат и двајца интернационални реге артисти, Рас Закари (Ras Zacharri) од Јамајка и Фајаборн (Fijahborn) од Холандија. Останатите гости кои помогнаа во снимањето на овој албум се: Кирил Крстевски на клавијатура, Стефан Пехчевски на клавијатура, Александар Илијевски “Шајо” на труба, Симе Златков на саксофон и Весна Илиќ Павлоска како придружен вокал.



Врати се горе ↑