30 ноември, 2014

„Конект“ се враќаат со „Такве као ти“

Популарната хрватска група Конект“, која на македонската публика ѝ е најпозната по соработката со Врчак и ДНК за песната „Змеј“, вчера го претставија својот нов видео запис за темата „Такве као ти“.

„’Такве као ти’ не е провокација на сметка на Нина Бадриќ, туку нова клупска песна за девојките кои имаат сè благодарение на својот изглед! Поради нив мажите се подготвени за големи инвестиции, а сето тоа со цел да ги задржат!“, изјавија момците од групата.

Фотографија: ЈуТјуб

Во новиот видео запис Јура, Селко и Драги покажаа дека знаат и да танцуваат, а друштво им прават неколку згодни девојки. Аранжманот и продукцијата на песната и овој пат ја потпишува Шала од групата „Конект“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

 Последниот видео запис го снимија за темата Љуби ме будало, која се најде на нивниот трет студиски албум „3јумф“ од 2011 година. На прашањето зошто им беше потребно толку време за да снимат нова песна, момците одговориле едноставно: „Старееме!“

 Фотографија: ЈуТјуб

Извор: story.hr



Врати се горе ↑