30 март, 2013

Конечно потврдена и италијанската песна за Евровизија

Како што беше најавено минатиот месец, победникот на познатиот италијански фестивал Сан Ремо, младиот пејач Марко Менгони ќе ја претставува Италија на годинешното издание на Евровизија. Иако најавија дека песната со која ќе се претстави на Евросонг ќе биде објавена подоцна, сепак во последен момент одлучија тоа да биде победничката песна од Сан Ремо, композицијата „L’essenziale“.

Менгони се прослави во 2009 година кога победи на италијанската верзија од шоуто The X Factor, а во 2010 година стана првиот италијански артист кој ја доби наградата Најдобар европски настап (Best European Act) на Европските музички награди организирани од каналот MTV. До сега има издадено 4 студиски албуми, а петтиот насловен „#Prontoacorrere“ е закажан за годинава.



Врати се горе ↑