Аудио knez

18 март, 2015

Конечно објавена и црногорската евровизиска песна: Слушнете ја „Адио“ од Кнез

Иако беше најавено дека црногорската евровизиска песна ќе биде премиерно претставена на 21 март, композицијата „Адио“, која ја изведува познатиот пејач Кнез, уште вчера беше објавена на сервисот „Саундклауд“. Долгоочекуваната песна, чиј автор на музиката е евровизискиот ветеран Жељко Јоксимовиќ, а на текстот Марина Туцаковиќ и Дејан Ивановиќ, ги израдува повеќето евровизиски фанови кои претпочитаат песни отпеани на мајчин јазик. „Адио“ можете да ја преслушате во продолжение, а останатите 39 песни ќе ги најдете овде.

 



Врати се горе ↑