Аудио 954796_10151560853750079_536350142_n

15 август, 2013

Конечно нова песна од Еминем!

По бројните шпекулации во изминативе неколку месеци, конечно има официјална потврда дека наскоро ќе пристигне осмиот студиски албум на Еминем. Раперот вчера претстави една нова песна која ќе биде дел од претстојното издание (како и видео играта „Call of Duty: Ghosts“ која ќе излезе на 5-ти ноември). Во песната насловена „Survival“ гостува Лиз Родригез од Њу Ројалс и веројатно одлично ќе се вклопи во видео играта. Новата песна можете да ја слушнете во продолжение, а наскоро би требало да биде објавен и првиот официјален сингл.

 



Врати се горе ↑