Свет ORF_ESC_Mod_small2

19 декември, 2014

Кончита меѓу водителките на „Евровизија 2015“

Денеска беа откриени имињата на водителките на претстојното 60. издание на „Евровизија“, кое следната година ќе се одржи во Виена, Австрија. Овој пат беше одлучено манифестацијата да има три домаќинки, а тоа се Мирјам Вајхсебраун, Алис Тумлер и Арабела Кисбауер. Сите три се мошне познати водителки и презентерки во Австрија, а воделе манифестации како што се европските музички награди и видео награди на „Ем-ти-ви“, како и разни фестивали и емисии.

Покрај нив, домаќинка во зелената соба ќе биде годинешната победничка на натпреварот, Кончита Вурст, која во мај триумфираше со темата „Rise Like a Phoenix. Покрај јавувањата од зелената соба, пејачката ќе има и свој настап во рамките на ревијалниот дел од манифестацијата.

 

Што се однесува на песните кои ќе се натпреваруваат следната година, до сега се познати само 3 композиции, меѓу кои „Лисјата есенски“ на Даниел, „Warrior“ на Амбер од Малта, како и неодамна објавената „Walk Along“, со која Трејнќе Оштерхаус (Trijntje Oosterhuis) ќе ја претставува Холандија. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 Извор: eurovision.tv; Насловна фотографија: ORF/Thomas Ramstorfer

 



Врати се горе ↑