Концерт 11022568_837116136367299_5774185777286374420_n

2 март, 2015

Концертот на „Уан репаблик“ во Скопје, префрлен во арената „Борис Трајковски“!

„Поради најголем интерес за концерт во Македонија во последниве 5 – 6 години, приморани сме концертот на светската атракција ’Уан репаблик’, којшто првично беше најавен дека ќе се одржи во ’Метрополис арена’, да го префрлиме во арената ’Борис Трајковски’“, јавуваат од „Авалон продукција“.

Исто така, техничкиот рајдер (којшто го добиле пред две недели) е толку импресивен и негово поставување во „Метрополис Арена“ во рамките на барањата на бендот е невозможно: „Битен сегмент во оваа наша одлука е и фактот што арената „Борис Трајковски“ им овозможува на посетителите коишто сакаат да седат и место за седење“, додаваат од продукцијата.

Сите што веќе имаат набавено влезници ПАРТЕР и ФАН ПИТ, истите билети им важат и за новата локација во арената „Борис Трајковски“, а во продажба се пуштени и уште еден тип на влезници, а тоа е ТРИБИНА – СЕДЕЊЕ (нумерирани билети) по цена од 1.200 денари.

Важно: Сите оние кои до сега набавиле ВИП билети, истите треба да ги променат на продажните места на www.kupikartizase.com каде што ги набавиле и каде ќе им бидат променети со ВИП билети за седење!



Врати се горе ↑