Концерт

23 јануари, 2019

Концертот на Том Одел се сели во МКЦ

Претстојниот концерт на британскиот музичар Том Одел, кој беше закажан за 13 февруари во СРЦ „Кале“, се преместува на нова локација – во МКЦ, соопштија од „Авалон“, наведувајќи дека причината е од техничко-логистички карактер.

„Том Одел еден ден пред концертот во Скопје свири во Белград и доаѓа со негова бинска опрема, па поради тешката конфигурација на СРЦ ’Кале’, приморани сме да ја направиме оваа промена. Со оваа промена на локација на сала, концертот ќе биде со навистина ограничен број на влезници. Од оваа причина, продажбата на влезниците за трибини е стопирана, додека сите останати што веќе имаат набавено влезници од оваа категорија, ќе бидат сместени во посебен дел од дансинг-салата. Влезниците од категориите партер и фан-пит се во слободна продажба и истите можат да се набават онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на ’Авалон’ низ Македонија“, пишува во соопштението од продукцијата.

СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ НА TOM ODELL ОД СРЦ КАЛЕ ПРЕФРЛЕН ВО МКЦ!Драги пријатели,Ве известуваме дека сме приморани да…

Gepostet von Avalon Produkcija am Mittwoch, 23. Januar 2019



Врати се горе ↑