Концерт legende

20 мај, 2014

Концертот на српската група Легенде одложен за 11 јуни

Концертот на српската група Легенде кој беше закажан за утревечер (21 мај), поради општата катастрофална ситуација во Србија и БиХ и општо во регионот, се одложува за 11 јуни, јавуваат од продукцијата „Сил-Вла“. Освен новиот датум, сè друго останува исто, односно местото на одржување ќе биде Универзалната сала со почеток од 20.30 часот. Сите кои веќе набавиле билети, истите ќе им важат и за новиот датум, а оние кои сè уште не купиле влезници, тоа ќе можат да го направат на касата на Универзална сала, во Розе-Веро 2, Југотон и Камарад.

 



Врати се горе ↑