Концерт 1451471_559157647496484_811925777_n

9 декември, 2013

Концертот на Симпл Мајндс преместен еден ден подоцна

Уште од минатиот месец е најавен концертот на легендарниот шкотски бенд Симпл Мајндс, кој првично беше закажан за 5-ти март следната година, но истиот ќе биде преместен еден ден подоцна, односно на 6-ти март, јавуваат од Авалон продукција, кои заедно со менаџментот на бендот ја донесоа следната одлука:

„Иако беше претходно заклучена со последниот концерт во Полска, на наше инсистирање Симпл Мајндс ја продолжија турнејата со два концерти во Загреб и Скопје. Исто така, на наше инсистирање прифатија својата комплетна продукција (звук и светло) од Полска да ја носат и на Балканот, со што публиката во Загреб и Скопје ќе  добие комплет „Simple Minds  live experience” кое може да видите како изгледа во продолжение.

 

 

Поради фактот што постои голема веројатност дека во март може сè уште да има зимски услови со што би се забавило патувањето на големата продукција (неколку камиони), заедно со менаџментот  на Симпл Мајндс одлучивме помеѓу концертите во Загреб и Скопје да има еден ден пауза со што би ја исклучиле можноста да има доцнење на камионите со опрема. Поради сето ова концертот во Скопје е презакажан за еден ден подоцна, на 6-ти март. Оваа измена ќе биде официјално поставена и на сајтот на бендот.

ВАЖНО: Влезниците што ќе се продаваат од денеска (понеделник) ќе бидат со новиот датум 6-ти март, а оние коишто до сега купиле влезници со датум 5-ти март НЕ МОРА ДА ГИ МЕНУВААТ, бидејќи и тие влезници ќе важат!“ – пишува во соопштението на Авалон продукција.

Концертот ќе се одржи во СРЦ Кале, а влезниците по цена од 900, 1000 и 1200 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи карти за сè.



Врати се горе ↑