Видео

25 март, 2019

Концертот на Лозано помина „Јако, јако“!

Во саботата, на 23 март, Лозано го одржа својот долгоочекуван славенички концерт по повод 10 години кариера, а преполната сала во „Борис Трајковски“ докажа дека македонската публика едвај чекаше во еден глас да ги запее хитовите на својот миленик.

Километри“, „Сонце не ме грее“, „Како тебе нема друга“, „Жена како ти“, „Ова лето ќе се памти“, „Мандарина“, „Јако, јако“ и уште многу други рефрени што ја одбележаа досегашната кариера на кичевскиот славеј ечеа во преполната арена, исполнета со слушатели од сите генерации.

Како специјални гости настапија колегите од дуото „Некст тајм“, кои ја воодушевија публиката со „Ја излези Ѓурѓо“, за која уште лани најавија дуетска верзија со Лозано, па токму посетителите на овој спектакуларен концерт имаа можност први да ги слушнат заедно.

Во публиката можеа да се забележат и други музички ѕвезди од македонската сцена, кои дојдоа да го поддржат својот колега, а меѓу нив беа Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Елена Ристеска, како и актерката Весна Петрушевска.

From last night… 👯‍♀️👯‍♀️Bravo @vlatkolozanoski for the amazing concert … #proud of u🥰

Gepostet von Tamara Todevska am Sonntag, 24. März 2019

 

„Немам зборови, ми го наполнивте срцето, ме гушнавте најјако“, рече Влатко споделувајќи дел од атмосферата на овој свој прв голем концерт во организација на „Авалон“, и најави дека нема застанување!

„Ова се само неколку изминати ’Километри’ од тоа што ќе следи од нас, имаме да Ви подариме уште многу љубов и музика што сакаме да ја споделиме со Вас. Се гледаме во следната епизода“, порача тој, а дел од атмосферата можете да погледнете од фотографиите и видеата во продолжение.

Да се заблагодарам уште еднаш на сите кои присуствуваа на вчерашниот концерт, сите кои учествува во него и кои го…

Gepostet von Vlatko Lozanoski am Sonntag, 24. März 2019

Немам зборови, ми го наполнивте срцето, ме гушнавте најјако 🤗❤🔥👏🎶 #JakoJako #VipArena

Gepostet von Lozano – Vlatko Lozanoski am Samstag, 23. März 2019



Врати се горе ↑