Концерт 10341711_778965395461720_6176935423701788121_n

19 јуни, 2014

Концертот на Јоксимовиќ ќе се обиде да ги собори музичките рекорди во Македонија

Претстојниот концерт на српската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, кој в сабота ќе се одржи во арената „Филип II“ во Скопје, ќе се обиде да собори повеќе рекорди во македонската концертна историја. Тој ќе биде првиот изведувач кој ќе се обиде да ги наполни сите четири трибини на спортската арена, која има капацитет за 50.000 посетители. Виден низ бројки најавениот концерт изгледа вака:

15 шлепери со техничка опрема (озвучување, осветлување, бина, екрани, рампи) ќе пристигнат од Белград, како и 6 камиони со дополнителна опрема
10 музичари ќе го придружуваат Јоксимовиќ на сцената
34 метри ќе биде долг предниот дел на бината
300 квадрати ќе биде голем поставениот екран
40 тони ќе биде тешка бината
270 рото-глави ќе бидат монтирани на рампите
2 мегавати електрична енергија ќе биде ангажирана за техничка реализација на концертот
60 километри сигнални и енергетски кабли ќе бидат користени за поврзување на комплетниот систем
140 звучници ќе бидат монтирани
3 часа ќе трае целиот настан
90 минути ќе трае настапот на предгрупите
60 техничари се ангажирани за подготовките
3 шлепери со вода, пиво и сокови на „Пелистерка“ ќе пристигнат од Битола
4 целзиусови степени е температурата на која ќе се ладат пијалаците
100 буриња со пиво „Старо прамен“ се очекува да се испијат на концертот
50.000 луѓе се очекуваат на концертот
250 луѓе се ангажирани за обезбедување
150 вработени од „Пелистерка“ ќе бидат ангажирани на концертот
8.000 квадрати портафлор се поставува за заштита на тревата
7 излези за публиката ќе бидат ставени во функција
20.000 шишиња газирана и 10.000 шишиња негазирана вода „Пелистерка“ е предвидено да се испијат на настанот
5 дена се монтира опремата на стадионот
часа пред почетокот се отвораат вратите за публиката
70 јавни личности, пејачи, спортисти, политичари од Белград, Подгорица, Загреб, Сараево и Атина ќе присуствуваат на концертот

Како најава за концертот беше претставена и темата „Скопје Белград“, дует со неговиот помлад колега и победник на X Factor, Даниел Кајмакоски кој исто така ќе гостува на овој настан.

 



Врати се горе ↑