Концерт johnmclaughlin-640x360

20 ноември, 2014

Концертот на Џон Меклафлин е речиси распродаден

На неколку дена  пред концертот на великанот на светската музичка сцена, Џон Меклафлин (John McLaughlin), кој во сабота заедно со својот бенд  „Форт дајменшн“ (The Fourth Dimension) ќе настапат во Универзалната Сала во Скопје, сите информации кои ги добиваме од продажните места се дека во продажба се уште мал број на влезници, јавуваат од „Авалон продукција“. Сите фанови кои не набавиле влезници досега, нека побрзаат, затоа што можеби ова е една од последните шанси да се види на сцена еден од најдобрите гитаристи во светот на сите времиња.

Како што е познато, на 22 ноември во Скопје, Меклафлин доаѓа со својот последен електро фјужн бенд „Форт дајменшн“придружуван од феноменалното трио музичари: Гери Хазбанд (клавијатури и тапани), Етјен Ембапе (бас) и Ранџит Барот (тапани).

 



Врати се горе ↑