Концерт dragan-mijalkovski

6 март, 2013

Концертот на Драган Мијалковски презакажан за 12-ти март

Концертот на Драган Мијалковски кој беше закажан за денеска, ќе се одржи на 12-ти март со почеток во 20:00 часот. Одложувањето е поради технички причини кои ќе придонесат овој концерт на Мијаковски да биде еден од најдобрите досега, со што тој го најавува своето враќање на сцена.

Придружуван од ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија под диригентската палка на маестро Кире Костов, легендата на забавната музика, ќе има специјални гости Влатко Лозаноски и Тамара Тодевска.

Билетите за концерот се во продажба од вчера по цена од 150 денари и можат да се набават само на билетарата на Универзалната Сала.



Врати се горе ↑