Концерт 541778_548462938568246_1154309733_n

20 ноември, 2013

Концертот на Архангел и Македонската Филхармонија е измама?!

Веќе два пати беше најавен концертот на Архангел и Македонската Филхармонија, кој првично беше најавен за 26-ти октомври, а според последните информации ќе се одржи на 20-ти декември во арената „Борис Трајковски“. Како реакција на овие најави, од фан клубот на Архангел ни пристигна изјава со следната содржина:

„Концертот на Архангел со македонската филхармонија, всушност е концерт само на Ристо Вртев со филхармонијата.

Откако излегоа повеќе детали во врска со концертот на „Архангел“, многумина од фановите на легендарната македонска група се разочарани, затоа што всушност од Архангел нема да има ништо, освен Ристо Вртев, па така сметаат дека настанот не треба да се вика „АРХАНГЕЛ и Македонска Филхармонија“ туку „Ристо Вртев и Македонска филхармонија“. Тој заедно со македонската филхармонија на 20-ти декември ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, а картите се движат од 500 до 1000 денари. На Фејсбук настанот кој е креиран од организаторот на концертот – „План Б продукција“ луѓето постојано прашуваат зошто само Вртев ќе настапува и тоа под името Архангел, а многу од ваквите прашања на фановите се бришат од страна на организаторот. Дали некој сака да заработи на стара слава? Дали некој сака да го злоупотреби името „Архангел“ и да заработи на веќе прославено име?“



Врати се горе ↑