Концерт cover

17 јуни, 2013

Концертна забава со „Аномалиа натива“

По повод својот втор албум „Attention“, „Аномалиа натива Ве поканува на забава во клубот „Капан ан во старата скопска чаршија. Електро дуото ќе го претстави својот албум со енергичен LIVE SET наменет за сите фанови на бас-музиката. Вокална  поддршка за вечерта доаѓа од Кацар, Сиги и Џоле познати под името „Токсиколози, а атмосферата ќе ја загреваат диџеите SMCK и Glodaragz. Дополнително изненадување за сите кои ќе ја посетат оваа забава е тоа што албумот „Attention“ ќе го добијат со влез на забавата.

Дуото им стана познато на љубителите на бас-музиката со нивниот прв албум „Премногу дрско“. Во моментов се актуелни со најновиот видео запис за песната „Feelin’ It“ со кој го најавуваат вториот албум „Attention“.

Да го започнеме летото со енергична забава! Подгответе се за забава до раните утрински часови.

 

Време: 22.06.2013 (Сабота)

Место: Клуб Капан Ан, Скопје 

 


Врати се горе ↑