Концерт POSTER_VLADO_FINAL_2 2

17 март, 2015

Концертна романтика на Владо Јаневски

Подготовките за претстојниот концерт на Владо Јаневски во арената „Борис Трајковски“, најавен за 3 април, во организација на „Горила продукција“, се во полн ек. Организаторот најавува концерт, сосема поинаков и од сè што се случувало до сега.

Најнапред, самиот амбиент во кој ќе се организира настанот за прв пат ќе биде виден во арената „Борис Трајковски“. Имено, подиумот на кој ќе настапи Владо Јаневски со бендот што ќе го придружува, ќе биде поставен централно, во средината на  арената, а озвучувањето, светлото, лед-екраните, сè ќе биде поставено на покривната конструкција, така што публиката ќе има можност да го следи целиот настан од сосема нов агол. Ваквиот нов пристап во позиционирањето на подиумот бараше вонредни напори за ангажирање на најдобрите стручни лица за звук и светло, за целата идеја да се реализира онака како што е замислена.

Просторот во салата е организиран на начин кој ќе им овозможи на фановите на Владо Јаневски да го следат концертот од пристојна близина на подиумот, а сите што ќе имаат билет за тој фан-пит простор, да се движат по уредно обележана патека.

Дека ќе присуствуваме на исклучителен музички настан говори и големиот интерес за овој концерт, влезниците се пуштени во продажба на сите продажни места на МК тикетс и според динамиката со која се продаваат, повеќе од веројатно е дека ќе бидат распродадени барем една недела пред одржувањето на концертот.

Исто така, значајно е да се забележи дека одржувањето на овој концерт го поддржа и Министерството за култура.



Врати се горе ↑